Приведен гостиварец за поседување оружје без документи

Апсење/ Фото: Архива на Слободен печат

На 22.08.2020 околу 20.50 часот во близина на место викано „Маздрачка каптажа“ полициски службеници затекнале патничко возило „уаз“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.И.(40) од Гостивар.

При преглед на возилото била пронајдена една ловна пушка и 25 куршуми со кал.16мм. Во разговор со совозачот Ј.Н.(66) од Гостивар, тој изјавил предметите се негова сопственост и за нив не поседува документи.

Тој бил лишен од слобода, а пушката и куршумите биле одземени.  По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот