Приведен гостиварец за плаќање со фалсификувани банкноти од 50 евра

Гостиварската полиција привела лице за кое постои сомнение дека во повеќе наврати плаќал со банкноти од фалсификувани евра.

Според СВР Тетово, вчера околу 10 часот и 40 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(54) од гостиварско Чегране. За него постојат основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување пари” и во три наврати, во аптека и два маркети, пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против А.С. ќе биде поднесена пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот