Приведен еден од играорците во Гевгелија

Едно лице кое играше во велигденското оро во Гевгелија во ек на полицискиот час е приведено, а откриен е идентитетот на уште неколку прекршители на забраната за движење, соопшти полицијата.

Загрижени граѓани на Гевгелија до редакцијата на Слободен печат синоќа испратија видео материјал на кој се гледа како снимката од орото била емитувана во живо на Фејсбук страница.

Во видео материјалот, снимателот се фали дека полицијата нема да дојде да ги санкционира играорците, зашто од тоа нема да има фајде.

Полицијата ќе ги казни „играорците“ од Гевгелија (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот