Приведен дилер од Битола, пронајдени кокаин и марихуана

Илустрација, дилери на дрога / Фото: МИА

Денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.С.(26) од Битола, поради постеоње основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом, други простори и возила кои ги користи И.С., при што биле пронајдени и одземени 16 пакувања кокаин, две пакувања марихуана, електронска вага, предмети со траги од кокаин и пари. За случајот е известен Јавен обвините од ОЈО Битола, до каде против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот