Приведен дилер на ГП Блаце, пронајдена дрога

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

На 11.04.2021 година во 17:30 часот на Граничен премин Блаце при влез во РСМ од слобода е лишен Ф.Р.(38) од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него се пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис. Лицето е предадено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот