Приведен битолчанец вооружен до заби

При преглед на патничко возило “ауди”, кое го управувал, бил пронајден пиштол “црвена застава” и рамка со 5 куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје.

Денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, го лишиле од слобода Б.Б.(41) од с.Жабени, битолско.

При преглед на патничко возило “ауди”, кое го управувал, бил пронајден пиштол “црвена застава” и рамка со 5 куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје.

Врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола извршен е и претрес во неговиот дом, при што е пронајдена автоматска пушка, една рамка и 15 куршуми за кои, исто така, не поседувал дозвола.

Б.Б. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот