Приведен битолчанец, пронајдена дрога при претрес

Полиција / Фото: МВР

На ул.„Климент Охридски” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Битола вчера го лишиле од слобода Д.Д.(33) од Битола.

При претрес во неговиот дом и други простории, соопштија денеска од МВР, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја и пари во различни апоени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот