Приведен 66-годишен маж од Виница, осомничен за полов напад врз малолетно лице под 14 години

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Виница.

Полициски службеници вчера во Виница го лишиле од слобода 66-годишниот виничанец Л.И. поради постоење основи на сомнение дека сторил полов напад врз малолетно лице.

Вчера во 15:40 часот на ул.„Димитар Осоговски“ во Виница полициски службеници го лишиле од слобода Л.И.(66) од Виница, постапувајќи по претходна пријава за постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години“, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот