Приведен 62-годишен скопјанец осомничен за убиство на неговата мајка

Шеесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен утрово во 7.50 часот на ул. „23 Октомври“, поради сомневање дека ја убил неговата 84-годишна мајка во нејзиниот дом во скопската населба Аеродром.

– Полициски службеници од Полициската станица Аеродром денеска во 7.50 часот на ул. „23 Октомври“, го лишиле од слобода И.Т. (62) од Скопје поради сомнение дека утрово околу 6:30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала, соопштија од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот