Приведен 25-годишник откако полицијата му нашла пиштол за кој немал дозвола

Апсење / Фото: МИА

Полицајци привеле 25-годишник од тетовско Желино, откако при негова контрола, во возилото со кое се движел е најден пиштол за кој немал соодветна дозвола.

Оружјето му било најдено вчеравечер околу 21.15 часот, на улица „Видое Смилевски-Бато” во Тетово.

– Полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 25-годишниот Ш.И. од тетовско Желино, затоа што при негов преглед на возилото „ауди” со тетовски регистарски ознаки што го управувал, му бил пронајден пиштол „екол специјал 99″, калибар 9 милиметри, за кој не поседувал никакви документи. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За носењето на пиштолот без дозвола 25-годишникот ќе се соочи со соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот