Приведен 22-годишникот кој усмрти девојка на пешачки премин

Фото: Слободен печат

По насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај трговскиот центар „Сити мол“, приведен е сторителот на тешката сообраќајна несреќа со смртни последици.

Министерството за внатрешни работи извести дека сторителот е приведен во полициска станица, земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи.

Во несреќата вчера животот го загуби 24 годишна девојка која преминувала улица на пешачки премин, во близина на „Сити мол“. Возилото го управувал 22-годишниот Ј.Ѓ.

Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

Автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш. Момчето

-Л.Д. (1997) од Радовиш кој е исто така повреден, пренесен е во ГОБ 8-ми Септември, и се наоѓа во стабилна состојба, велат од градската болница Св. Наум Охридски.

Детали за несреќата кај „Сити мол“: Има уште една жртва, повредено момче е пренесено во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот