Приведен 21-годишник од Скопје кој превезувал мигранти

Полицијата од СВР Велес утрово на крстосницата кај село Водоврати во општина Градско лиши од слобода 21-годишник од Скопје кој превезувал десет мигранти.

Имено, околу 08:00 на автопатот Неготино – Велес Р.М. не застанал на даден знак за сопирање од полициски службеници, но набргу, кај клучка Градско, возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај с.Водоврати било запрено, а лицето приведено, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Шест од мигрантите се од Сирија, а четири од Конго.

Р.М. е задржан во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно-транзитен центар. За случајот бил известен Јавен обвинител и по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот