Приведен 18-годишникот кој влезе на терен и удри фудбалер во Тетово

Фото: Screenshot

Осумнаесетгодишно момче од Тетово е приведено во полициска станица поради тоа што за време на фудбалски натпревар влезе на фудбалскиот терен и нападна фудбалер на гостинската екипа. Тој по нападот избегал од стадионот, а е приведен подоцна.

Инцидентот се случи пред самиот крај на второлигашкиот фудбалски дуел Тетекс-Каменица Саса што се играше на игралиштето на Агенцијата за млади и спорт.

-Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип. Тој е задржан во Полициската станица Тетово, информира СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

ВИДЕО | Инцидент во Тетово: Навивач влезе на теренот и со бокс удри гостински фудбалер!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот