Притворен Турчин направил хаос во „Шутка“, запалил ќебиња и душеци

КПУ Затвор Скопје/Фото: МИА

Млад државјанин на Турција, кој е во притвор во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, вчера ги запалил креветите и ќебињата во неговата ќелија, соопшти полицијата.

“На 20.03.2023 во 18.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 18.00 часот во притворското одделение, 23-годишен осуденик од Република Турција во затворската соба запалил два душеци од кревет и две ќебиња. Вработени во затворот го изгаснале пожарот, а повредени лица нема“, велат од МВР.

Полицијата извршила увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот