Притворен скопјаец со екстази и 800 грама непозната бела кристална материја

обвинителство ојо

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, во текот на месец февруари, набавил неодредено количество психотропни супстанции – екстази и непозната бела кристална материја, кои имал намера да ги продаде на други лица на подрачјето на Охрид и Скопје. На 1 март, при претрес на осомничениот и на автомобилот во кој тој патувал со две сопатнички, на магистралниот пат Кичево Гостивар, биле пронајдени седум таблети екстази и околу 800 грама непозната бела кристална материја. Притоа, осомничениот се обидел да голтне дел од таблетите. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за вештачење на пронајдените супстанции- наведуваат во соопштението од ОЈО Гостивар.

Во исто време, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување краткотраен притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор од 48 часа.

По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот