Притворен препродавач на марихуана

Марихуана /Фото: Профимедиа
Куќен притвор бара Основното јавно обвинителство од Скопје за дилер од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. Според ОЈО, тој е обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Кај обвинетиот, извести ОЈО, на 13 овој месец во својот дом во Студеничани, неовластено за продажба чувал марихуана спакувана во црна полиетиленска ќеса. Дрогата е пронајдена од полицијата која подоцна како доказ му е предадена од ОЈО.

Бидејќи надлежниот јавен обвинител ценеше дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, до Судот беше доставен и предлог за продолжување на оваа мерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот