Притворен Македонец кој бил спречен во обид за учество во странска војска и параполициски формации во Сирија

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик.

-На почеток на месец ноември минатата година, осомничениот, со намера да учествува и да се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во Сирија, ја напуштил територијата на нашата држава со автобус и заминал за Р.Турција. Во текот на патувањето остварувал контакти со македонски државјани, истакнати приврзаници на радикален ислам, кои се наоѓале во кризните подрачја на Сирија и кои му помогнале со контакти со лица од Р.Турција што ќе му овозможат префрлање во Сирија. При обид во воено забранетата зона илегално да ја премине границата на Р.Турција и да влезе на сиријска територија бил спречен и фатен од страна на турските власти. При легитимирање дал лажен идентитет на државјанин на Р. Италија- наведуваат во соопштението до ОЈО.

По пат на меѓународна соработка со Р.Турција, осомничениот е екстрадиран во РСМакедонија и изведен пред судија на претходна постапка. Поради постоење на основите предвидени во член 165 ст.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка по предлог на надлежен обвинител на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот