Притвор заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 24-годишен жител на тетовското село Челопек поради основано сомнение дека ги сторил две кривични дела.

Во домот на осомничениот, на 29 минатиот месец, околу 17.45 часот, полициските службеници пронашле оружје – автоматска пушка, што на граѓаните им е забрането да го поседуваат и неовластено заради продажба држел 400 грама наркотична дрога марихуана.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од Основниот суд Тетово кој со Решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот