Притвор за три лица за убиство во велешко Долно Караслари

Во Полициската станица во Велес вчера се приведени И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од велешкото село Долно Караслари поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на нивниот татко и сопруг З.Т. (58), а судија на пртходна постапка им одреди притвор.

Како што информира МВР, на 19 јануари годинава М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото.

-По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот