Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Затворот во Штип Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела грабнување и силување.

Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба.

По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица донесе Решение со кое на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот