Притвор за ресенчанецот кој се обиде да прегази прилепски полицаец и инспектори

Фото: илустрација

Возач на комбе вчера предизвика инцидент кога бил запрен во Прилеп, обидувајќи се да прегази полицаец и комунални инспектори, а сега му е одреден притвор, соопшти полицијата.

„На 25.06.2022 СВР Битола-ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од Ресен, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по чл. 143 ст. 3 и две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” по чл. 383 од Кривичниот законик. Имено, на 25.06.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп пријавениот бил лишен од слобода, затоа што претходно со неговото возило комбе „Мерцедес Спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства“, велат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка на Н.К. му е одредена мерка притвор во КПУ Затвор Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот