Притвор за разбојникот од Гостивар кој нападна сограѓанка

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Мерка притвор од триесет дена вчера попладне доби А.М.(19) од Гостивар. Тој е осомничен дека извршил разбојништво и од Основниот суд Гостивар е спроведен во КПУ Затвор „Скопје” во Скопје за издржување на притворот.

Од СВР Тетово информираат дека осомниченото момче било уапсено на 2 октомври 2022 година во 20 часот и 10 минути на улица „Илинденска” во Гостивар.

– А.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека на 24-ти минатиот месец околу 20 часот и 50 минути, во станбена зграда во Гостивар, физички ја нападнал 45-годишната гостиварка Х.Б. и заканувајќи и се со остар предмет се обидел да и ја одземе чантата, наведуваат од СВР Тетово.

По основите на сомнение со судска наредба беше извршен претрес во неговиот дом и при тоа беа пронајдени и одземени за вештачење повеќе предмети поврзани со ова кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот