Притвор за разбојник од Битола

Полицијата против разбојникот поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво.

Судот од Битола по барање на Основното јавно обвинителство на разбојник му одреди 30 дена притвор откако против него полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво.

„Осомничениот, на 17 мај, ја пресретнал оштетената на улица и силно ја турнал со рацете. Кога оштетената паднала, удирајќи директно со главата на земјата, осомничениот ѝ го одзел паричникот во кој имало 450 денари и лични документи, со намера противправно да го присвои и избегал од местото“, соопштија од обвинителство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот