Притвор за прилепчанецот кој ја избоде поранешната сопруга

Фото: telegraf.rs

Судија на претходна постапка му опреди 30 притвор на приепчанецот кој пред два дена на спиење ја избоде со нож поранешната сопруга. Четириесет и седумгодишниот прилепчанец пред два дена наутро отишол во куќата каде живеела неговата поранешна сопруга на улицата „Дабничка“ во Прилеп се качил во собата кадешто спиела и прво почнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото.

Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Го совладале тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата. Јавниот обвинител побарал, а судијата го прифати барањето за притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и врз оштетените.

Прилепчанец ја расекол со нож поранешната сопруга

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот