Притвор за осомничен за полов напад врз сопствената малолетна сестра

pixabay
Затвор / Фото: ЕПА
Основното јавно обвинителство од Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци достави предлог за опртеделување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот