Притвор за келнерката која сакаше да убие колега

Фото: илустрација

Основното јавно обвинителство од Гостивар донесе наредба за истрага против едно лице кое е обвинето за убиство.

Според обвинителството, немилиот настан се случил на 2 овој месе околу 4.30 часот во угостителски објект во гостиварското село Неготино. Осомничената,  вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото била вознемирувана од нејзиниот колега. Откако и по нејзините повици да престане тој продолжил со непристојното однесување, таа од шанкот зела нож и му нанела неколку убодни рани во стомакот.

Ценејќи дека се исполнети законските одредби, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен и на осомничената судот и определи притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот