Притвор за двајца штипјани кои пренесувале хероин

Двајцата се приведени во полициска станица „Гази Баба“, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Полициски службеници на наплатна рампа „Миладиновци” ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип.

При извршена контрола на возило „голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници  кај Т.З.  пронашле полиетиленско пакување хероин.

Двајцата се приведени во полициска станица „Гази Баба“, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот