Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Притвор за двајца скопјани кои неовластено поседувале оружје и муниција

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите на 17 октомври биле откриени дека во стан на улицата „Саса 18“ заедно држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје кое на граѓаните им е забрането.

-Полицијата кај нив пронашла една автоматска пушка со две рамки, еден револвер марка „Smith & Weson 5“, еден пиштол марка „Sig Suer“ P 226, еден пиштол марка „P.Bereta“ , една ловна пушка марка „ТОZ” и вкупно 414 куршуми со различен калибар, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот