Притвор за дилер на кокаин од Арачиново

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 23-годишник, во повеќе наврати, на различни локации во Скопје и на различни лица-сведоци им продавал наркотична дрога – кокаин во пакувања од 0,28 грама за сума од 2.000 до 2.400 денари  по пакување.

Со оглед на тоа што се работи за лице и претходно осудувано за исто кривично дело, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Вчера Одделот за сузбивање со организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна полициска истрага, овој дилер на кокаин од Арачиново го лишија од слобода.

Имено, во рамките на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јуни до октомври 2022 година, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази за Е.А.(23), за кој постојат основи на сомнение дека  сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При претрес извршен во домот на Е.А. во скопско Арачиново, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, билe пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а лицето е приведено. Против истото лице во март 2019 година, исто така, беше поднесена кривична пријава поради недозволена трговија со кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот