Притвор за дилер на дрога од Битола

Македонска полиција/ Фото: Миа

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против битолчанец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

По извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14.11.2020 година, од страна на СВР Битола била пронајдена поголема количина на наркотична дрога – 4233 таблети МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и поголемо количество парични средства – околу 2500 евра и 200.000 денари.

Со отворање на истражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот