9 C
Скопје

Притвор од 30 дена за жител на Брвеница кај кого беа пронајдени неколку кеси марихуана

Помладиот од двајцата жители на Брвеница кои беа приведени вчера откако им беше најдена дрога и оружје дома доби притвор денес попладне откако бил изведен пред судија во претходна постапка.

– Триесет дена мерка притвот определил судија во претходна постапка при Основен суд Тетово за Д.Ј (47) од Брвеница кај кого при претрес вчера кај него дома се најдени неколку кеси марихуана. Осомничениот ќе биде спроведен во Казнено -поправната установа „Затвор Скопје”, информираат од СВР Тетово.

Вчера во тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории двајца Т.Ј (70) и Д.Ј (47). При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар, по што двајцата беа лишени од слобода.

Во тетовско пронајдена дрога и оружје

 

Прочитајте и...  ЕУ ги обнови и продолжи санкциите за Иран

Поврзани вести

Прва жена шеф на најстарата светска агенција: Галони нова главна и одговорна уредничка на Ројтерс

Слободен печат

Славчо најавува облачно време со дожд и грмежи

Слободен печат

„Слободен печат“ неколку дена по ред е цел на континуирани и добро организирани напади

Слободен печат

ЕУ до крајот на 2021 година добива 200 милиони вакцини „Џонсон & Џонсон”, за кои не е потребна втора доза

Слободен печат

Во несреќен случај почина дете на роденденска забава

Манијак се обидел да силува девојче во тоалетот на трговски центар во Белград

Горан Наумовски

Остави Коментар