Притвор од 30 дена за лицето виновно за сообраќајката во Трубарево

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи патничко моторно возило БМВ со скопски регистарски таблици во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај.

Стравична сообраќајка во Трубарево, загина мотоциклист, тешко повредено 10-годишно дете

„Имено, тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 33 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили. Автомобилот го управувал со брзина на движење која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови, поради што изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во задното тркало од мопед „Баутијан“, без регистарски таблички управуван од учесникот во сообраќајот оштетениот Идриз Ќеримовски. Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал. Осомничениот продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот и со возилото се качил на тротоарот и платото пред „Маркет Бренд“, каде со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на оштетено дете родено 2011 година, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете задобило тешки телесни повреди. Осомничениот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот каде  удрил и соборил дрвена бандера сопственост и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел“, соопштија од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот