Притисокот врз Мицкоски продолжува, иницијативниот одбор за денес закажа нова прес-конференција

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со притисокот врз лидерот на партијата Христијан Мицкоски, да одговори на барањата на незадоволните членови во партијата и да се соочи со резултатите од неговата работа досега.

За денес е закажана прес конференција на овој одбор на која ќе му пратат порака дека треба самиот да се одважи и да се соочи со членството.

Од одборот не кажуваат колку луѓе стојат зад иницијативата но се сигурни дека ќе има се повеќе. Дека е така покажаа вчера и пораките до членовите на опозициската партија со кои беа повикувани да даваат јавно поддршка на лидерот, бидејќи тоа го заслужувал, но место тоа некои од нив ја „пуштија“ таа информација во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот