Притисок врз Владата: Предлог за затворање на кафулиња, барови и ресторани во Грција на шест дена

Фото: tripadvisor.com.hk

Грчкото здружение на угостителски објекти и центри за забава реши да предложи затворање на кафулињатам баровите и рестораните од 16 до 22 септември во знак на протест за, како што велат, рамнодушноста на Владата за проблемите во нивниот сектор.

Паралелно се доставени 20 барања меѓу кои ослободување од обврската за плаќање на општинските такси; дозвола за работа по полноќ; ревидирање на постоечките мерки и забрани за работа на угостителските објекти и кафулињата; намалување на кириите, намалување на ДДВ-то на храната и кафето на шест отсто; даночни олеснувања и сл.

Велат дека во изминатиот период, од почетокот на пандемијата, се обиделе да започнат дијалог со Владата за одредени нивни предлози за заштита на конкретниот сектор, но наишле на незаинтересираност и затоа донеле одлука да одоговорат со „континуиран локдаун”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот