Присуството на коронавирусот во отпадните води намалено во Солун и Атина, зголемено во осум грчки градови

epa08991916 An aerial picture taken with a drone shows waste water pouring into Argolic Gulf, of the Aegean Sea, caused by problems in the Biological Treatment of the Region of Nafplio, Greece, 06 February 2021. EPA-EFE/BOUGIOTIS VANGELIS

Во осум грчки градови, присуството на коронавирусот во отпадните води е зголемено за периодот 19 – 25 април, споредбено со една седмица претходно, а во Александруполи достигнува до 156 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, присуството на коронавирусот во отпадните води, намалено е во Атина (за 33 отсто), во Солун (21 процент) и во Хања на Крит (4 отсто) од 11 градови вклучени во анализата.

Во останатите осум зголемувањето се движи од 5 до 156 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот