Пристигнува првиот филм за коронавирусот: Погледнете го трејлерот! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Во екот на пандемијата од коронавирусот доаѓа информацијата за снимањето на првиот филм за Ковид 19, а трејлерот веќе може да се погледне и на Јутјуб, пренесува „Би-Би-Си“.

Станува збор за остварување под назив „Corona: Fear is a virus“, во кое се раскажува приказна за седум луѓе кои се заглавуваат во лифт, а вистинскиот хаос се случува кога еден од нив почнува да кашла.

Режисер на филмот е Мустафа Кашвари од Канада, кој во интервју за Би-Би-Си објасни дека идејата за снимање на филмот му дошла уште во јануари годинава кога светот за првпат слушна за коронавирусот.

Иако и самиот не верувал дека вирусот ќе доведе до пандемија од светски размери, сепак се одлучил да продлжи да работи на овој филм.

Засега не е познат датумот кога филмот би можел да биде објавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот