ПРИСТИГНУВА ПОМОШ ОД МАКЕДОНИЈА: ДЗС испрати тим од 41 лице и 11 возила за помош на настраданите во Албанија

Тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на РСМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутрината ја погоди земјата.

Тимот е координар од Дирекцијата за заштита и спасување, која како што соопшти ги презема сите потребни организациони подготовки за испраќање помош на настраданото население. Освен тимот, ДЗС испрати и 11 возила со специјализирана опрема за спасување и расчистување на теренот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија.

Тој, како што се наведува во соопштението на Дирекцијата, во текот на целиот ден бил во контакт со сите релевантни институции кои се понудиле за помош.

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 14 лица, од кои најмалку две се деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот