Пристигнува нова романтична комедија: Ештон Качер и Рис Витерспун во главните улоги

Фото: Instagram

Објавата на Netflix за новата романтична комедија „Your Place or Mine“, со Ештон Качер и Your Place or Mine во главните улоги воодушеви многу следбеници кои дуото не го гледаа долго време на екранот.

Снимањето започнува, главните ликови се двајца врвни актери кои веќе неколку пати се обиделе во овие жанрови и публиката со нетрпение го очекува новиот проект.

Сценарист на филмот е Алин Брош Мекена, која исто така создаде познати наслови како „ The Devil Wears Prada“ и „27 Dresses“.

Заплетот на филмот следи двајца пријатели кои живеат на спротивните брегови во Америка.

Кога ќе ги сменат домовите за една недела, целиот живот им се менува.

Ова е и големото враќање на Ештон на „Netflix“ по откажувањето на серијата „The Ranch“, во која тој ја играше главната улога заедно со својот колега од хит серијата „That ’70s Show“, Дени Мастерсон.

Ликот на Дени беше „убиен“ по 3 сезони поради обвинувања за сексуална злоупотреба што се појавија во јавноста, а набргу по скандалот, серијата беше откажана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот