Пристигнаа резулати од антитела: Дури 270.000 Израелци биле заразени од коронавирус

Фото: Профимедиа

Користени се тестови со 95 до 98 отсто точност и научниците пронашле антитела кои се појавуваат недела до дне недели по изложеноста на вирусот.

Два до три проценти од населението на Израел биле заразени од коронавирус, што е најмалку десет пати повеќе од бројот на потврдени случаи, покажа првата студија, заснована на репрезентативен примерок на серолошки тестови.

Тоа значи дека дури 180.000 до 270.000 Израелци можеби биле инфицирани од новиот вирус, и дека повеќето немале никакви симптоми, јавија израелските медиуми.

Меѓутоа, антителата во нивната крв укажуваат дека биле заразени.

Досега се проценуваше дека потврдените случаи, нешто повеќе од 17.000, го претставуваат мнозинството од заразените во Израел.

Земени се примиероци од крв од 1.700 Израелци, вклучувајќи и здрави луѓе кои доброволно дарувале крв.

Користени се тестови со 95 до 98 отсто точност и научниците пронашле антитела кои се појавуваат недела до дне недели по изложеноста на вирусот.

Останало нејасно кое ниво на заштита пружаат тие антитела и колку долго.

Утврдено е исто така дека стапката на заразеност на жени е 1,2 проценти во споредба со 2,6 меѓу мажите.

Се покажало и дека најголемиот процент на заразеност е кај лицата меѓу 40 и 59 години, 3,6 проценти, а кај помладите од 19 години, 0,8 проценти.

И покрај овие резултати Израел и натаму е далеку од ситуацијата на „имунитет на стадо“ во која повеќето од населението било инфицирано за да се успори или дури запре ширењето на болеста.

За тоа е потребно 60 проценти од населението да биде инфицирано.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот