Пристигнаа првите фотографии од Марс испратени од роверот на НАСА

Twitter
принтскрин

Роверот „Perseverance“ на НАСА по седум месеци и поминати неверојатни 468 милиони километри,  вчера во 21.56 часот слета на Марс.

НАСА направи официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ каде ги објави првите две фотографии што ги доби од својот ровер. На црно белите фотографии се гледа површината на Марс.

Здраво свету. Ова е првиот поглед на мојот нов дом“, стои во описот на првата фотографија.

И уште еден поглед зад мене. Добредојдовте во кратерот Језеро“, пишуваше во описот на втората фотографија.

„Perseverance“ слета во кратерот Језеро каде официјално ќе ја почне потрагата по докази за живот на Црвената планета.

Од НАСА ја објавија и оваа интерактивна мапа, која можете да ја зумирате и да го истражете местото каде слета роверот „Perseverance“.

Главната цел на двегодишната мисија на „Perseverance“, вредна 2,7 милијарди американски долари, е да бара докази за микробиолошки живот на Марс.

Научниците се надеваат дека ќе најдат знаци на живот во примероците на антички седименти кои роверот ќе ги извлече од карпите на Марс и ќе се анализираат на Земјата – кои треба да бидат првите такви примероци што луѓето ги собрале од друга планета.

Светот очекува уште многу слики и информации во следните денови.

ВИДЕО: Роверот „Истрајност“ на НАСА по седум месеци патување слета на Марс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот