Пристигнаа новите обрасци за пасоши, но за нив нема интерес во овој момент

Фото: Слободен печат

Новите обрасци за пасоши пристигнаа во земјава, соопшти техничкиот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма.

-Новите обрасци за пасоши пристигнаа. Сега во оваа ситуација се разбира нема голем интерес, бидејќи и границите се затворени. Сепак, има некои граѓани кои и сега аплицираат, во најголем дел тоа се луѓе кои сакаат да аплицираат за виза, па имаат потреба од број на важечки пасош- рече Чулев.

Инаку минатата недела МВР реши да го продолжи рокот на важење на личните документи, патните исправи и возачките дозволи. Оваа мерка ќе биде во сила се додека трае вонредната состојба поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот