Пристигна тим од Австрија за помош во гасење на пожарите

Фото: МИА

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информира Дирекцијата за заштита и спасувањена својот Фејсбук профил.

Австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, амбулантно возило, 2 АТВ и девет приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.

По активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита на Европската Унија, во земјава веќе се противпожарни тимови и од Словенија и Бугарија, а во гасењето на пожарите се ангажирани и четири хеликоптери од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот