Присилна концесија на дивечот во неколку ловишта

Диви свињи
Диви свињи/ Фото Архива на Слободен печат

Владата на Република Северна Македонија денеска на седница ја усвои Информацијата за присилна концесија на дивечот во ловиштата „Сараево”, „Ратевска Река”, „Палазлија”, „Џами Тепе” и „Чифлик”, во ловен реон Берово, „Кадина Река” во ловен реон Скопје, „Душегубица” во ловен реон Кичево, „Копришница” во ловен реон Неготино и „Рожден” во ловен реон Кавадарци на присилна концесија на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Национални шуми„ – Скопје.

-Со ова времено концесионирање на овие ловишта кои беа без концесионер, ќе се обезбеди поголема ефикасност на претходната одлука на Владата за преземање мерки за намалување на густината на популацијата на дивата свиња во ловиштата во Република Северна Македонија како превентивна мерка од појава и ширење на болеста Африканска чума кај свињите.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот