Приштина: Руските ракети во Србија го загрижуваат Косово но и САД

фото: Профимедиа

Косовскиот заменик министер за одбрана Бурим Рамадани оцени дека новото ракетно вооружување на Србија е загрижувачко и заканувачко кон Косово но и кон целиот регион.

Рамадани смета дека со вооружувањето Белград упатува порака кон Косово но и целиот регион, што, како што самиот оцени ,потсетува на политиката која Србија ја водела во минатото. Тој очекува Србија да биде санкционирана од САД поради набавката на руските ракетни системи.

Српските медиуми јавуваат дека слична закана упатил и заменик помошникот државен секретар и спецјален пратеник за Западен Балкан Метју Палмер за време на посетата на регионот.

Тој, како што наведуваат медиумите, се заканил дека Србија би можела да се соочи со посебни санкции дококу Србија, иако не е членка на НАТО, сепак набави руска воена опрема и оружје.

За САД прашањето кое загрижува е руското воено присуство во Србија преку неодамна одржаната воена вежба, оценуваат српските медиуми додавајки дека овој став сепак Палмер јавно не го изнел на заедничката конференција одржана со претедателот Александар Вучиќ.

Инаку, системот ,,Ѕвер С-400 е софистициран ракетен систем кој Русија го распореди во Србија во рамките на заедничката воена вежба наречена ,,Словенски штит”.

Српските воени и политички функционери веднаш изразија заинтересираност за набавка на овој ракетен систем за одбрамбените потреби на Србија

Ова , како и другите кокетирања на воен план на Белград со Москва го подигна алармот во Вашингтон, оценуваат косовските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот