Приштина испрати снајперисти да ја набљудуваат административната граница со Србија

На административниот премин Јариње, каде што припадниците на РОСУ се распоредени за отстранување на српските регистарски таблички, ситуацијата ја следат снајперисти испратени од Приштина, пренесуваат приштинските медиуми.

Лајми објави фотографии од член на РОСУ опремен со снајпер на еден од планинските врвови на северот на Косово и Метохија.

 

Приштинските медиуми објавија дека неколку членови на РОСУ биле распоредени на иста задача.

Административните премини на Јариње и Брњак од утрово се мирни, а сообраќајот во двата правци се уште е во прекин и превозот на стоки и производи за Косово и Метохија е во прекин.

Според српските медиуми,  граѓаните од северот на Косово и Метохија, незадоволни од одлуките на Приштина за забрана на употреба на српски регистарски таблички во Косово продолжуваат да го блокираат делот од патот Рашка-Косовска Митровица.

На главниот пат Рашка – Косовска Митровица во Јариње има десетина борбени, оклопни возила на специјалната единица РОСУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот