Приштина ги укина „мерките на реципроцитет“кон Белград, одлуката стапува на сила веднаш

Авдула Хоти на седницата рече дека со решението се отстраниле сите пречки за продолжување на дијалогот, а доколку нема поволен исход, ќе се врати мерката за реципроцитет. Одлуката стапува на сила веднаш.

Одлуката додаде Хоти е привремена и може да трае еден ден, еден месец, една година …

– Очекуваме Србија да стави крај на кампањата против признавањето на Косово. Очекуваме нашите партнери да извршат притисок врз Србија, изјави Хоти.

Владата на денешната седница ги поништи претходните решенија на владата на Албин Курти од 20 март 2020 година за постепена примена на реципроцитет за Белград и решението од 30.05.2020 година за изменување и дополнување на првите решенија за таа мерка.

Претставниците на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадина гласаа против оваа одлука.

Ова е една од четирите точки на агендата на состанокот на владата во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот