Приштина би добила отстапки од САД, ако прими Авганистанци на своја територија

Талибанските власти го привеле сопственикот на приватната авганистанска телевизиска мрежа / Фото: EPA-EFE/NAWID TANHA

САД понудиле економски и политички отстапки за Косово доколку прими неколку илјади Авганистанци. Но, како што јавува Ројтерс повикувајќи се на неименуван функционер, во Вашингтон постои загриженост дека власта во Приштина нема способност да го изменаџира ова.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден водела тајни разговори со повеќе земји во обид да обезбеди привремено сместување на загрозените Авганистанци кои работеле за американската влада.

Тајните разговори кои САД ги воделе со Албанија и Косово ја одразуваат желбата да им помогне и да ги заштити Авганистанците од талибанска одмазда, додека безбедно се завршува процесот за одобрување на нивните визи за САД, пишува агенцијата.

Администрацијата на Бајден разговарала со Казахстан, Таџикистан и Узбекистан да примат илјадници нивни авганистански соработници, но преговорите биле неуспешни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот