ПРИРОДНО ПРОТИВ КОМАРЦИ: Овие растенија треба да ги имате во домот преку лето – Слободен печат
ЖенаМагазин

ПРИРОДНО ПРОТИВ КОМАРЦИ: Овие растенија треба да ги имате во домот преку лето

Вашата градина или тераса можат да бидат вистински оази на корисни растенија, а дел од нив се ефикасни и во борбата против комарци.

На пазарот постојат стотици производи репеленти против комарци и инсекти, но секогаш е добро да се проба и на природен начин.

Вашата градина или тераса можат да бидат вистински оази на корисни растенија, а дел од нив се ефикасни и во борбата против комарци.

Затоа, добро е да посадите:

ЛАВАНДА

Она што е карактеристично за лавандата е што во природата не ја напаѓаат ниту инсекти, ниту животни. Постојат тврдења дека етеричните масла кои испаруваат од лавандата ги „зашеметуваат“ и дезориентираат комарците и тие бегаат подалеку од местото каде е посадена.

НЕВЕН

Невенот за луѓето нема карактеристичен мирис, но инсектите се особено чувствителни на него. Освен што ќе ги одбива комарците, ќе ги заштити и другите растенија од лисни вошки и бели мушички. Насадете невен во мали саксии и чувајте го меѓу другите растенија.

ЛИМОНСКА ТРЕВА

Лимонската трева е најчеста состојка во препаратите против комарци кои се продаваат во форма на патрони за во струја или лосиони за мачкање. Исто е ефикасна и против црви и инсекти кои ги уништуваат другите растенија.

РУЗМАРИН

Рузмаринот ни е добро позната билка, а освен комарците, ги одбива и другите инсекти кои може да ве искасаат. Освен тоа, има одличен вкус и може да се користи за чај или како зачин во храна.

БОСИЛЕК

Босилекот на нашите простори е еден од најпознатите репеленти против комарци. Можете да го засадите директно во почва или во саксии и да го распоредите меѓу другите растенија. Треба да биде што повеќе време изложен на сонце, но и добро да се полева.

Преубави, но СМРТОНОСНИ: Овие растенија можат да убијат!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close