Природни зимски маски за коса

За разлика од хемиските производи за нега на косата кои се достапни на пазарот, домашните маски лесно се применуваат, не се скапи и не ја оштетуваат косата.

Временските промени влијаат на нашата коса, па таа за време на зимските денови станува груба и сува. За да се ослободите од овие и слични проблеми, нема потреба да трошите голема сума парични средства на третмани – направете сами маска за коса и вратете и го природниот сјај.

1. Сува и бушава коса

За сува коса употребете маска од банана. Земете една банана, изгмечете ја, додадете лажичка мед и малку сок од лимон. Сето тоа добро измешајте го и нанесете ја маската на косата. Оставете ја да стои околу 30 минути, а потоа измијте ја со нежен шампон. Вашата коса ќе стане мека.

2. Оштетена коса

Во соодветен сад изматете две жолчки од јајце и една белка. Додадете сок од лимон и малку мед. Добиената маска нанесете ја на косата и оставете да стои 45 минути. Косата измијте ја со вода. Во посебен сад ставете еден филџан сурутка измешајте. Сурутката ставете ја на косата, оставете ја да стои 15 минути и измијте ја со нежен шампон.

3. Наелектризирана коса

Покиснете го семето од тилчец и оставете го да стои во текот на ноќта. Во утринските часови измелете го семето и додадете еден филџан сурутка, така што ќе добиете густа смеса. Нанесете ја маската на косата и оставете ја да се исуши. Косата измијте ја со шампон.

4. Коса без волумен

Измешајте еднакво количество оцет и мед во чаша со топла вода. Нанесете ја оваа маска на косата и за момент ќе добиете волумен. Сепак, оваа маска не ја употребувајте многу често бидејќи оцетот може да ви го оштети коренот на косата.

5. Кршлива коса

Измешајте една жолчка од јајце со една лажица мед и две лажици рициново масло. Вака добиената смеса нанесете ја на косата и оставете да стои 45 минути, а потоа измијте ја. Редовната употреба на оваа природна маска за коса може да ви помогне да го спречите кршењето на косата во зимскиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот