Природни лекови за астма

Астмата е болест што ги погодува дишните органи кои стануваат многу чувствителни и силно реагираат на сè што организмот ќе го препознае како алерген. Како реакција на иритирањето, дишните цевки отекуваат и се стеснуваат, па болниот тешко доаѓа до воздух, односно воздухот тешко доаѓа до белите дробови.

При тешките напади на астма се прекинува доводот на кислород до важните органи, а сето тоа може да предизвика фатални последици.

Покрај редовните контроли кај лекар, постојат и народни лекови што би можеле да ви ги помогнат проблемите да бидат поподносливи:

– Земете малку зачин куркума помешан со малку путер па испијте топло млеко.

– Изедете две лажички ѓумбир со мед секој ден.

– Сокот од морков може многу да ви помогне во намалувањето на нападите на астма ако се пие секојдневно.

– Џвакајте 10-15 каранфилчиња и цицајте го сокот.

– Паста од 20 зрна црн пипер и мед го нормализираат дишењето.

– Кашлицата ќе ја смирите ако секој ден пиете млеко во кое сте свариле три суви кајсии.

– Смесата од 15-20 зрна црн пипер и мед го нормализира дишењето.

– Секој ден консумирајте 3 грама сок од босилек со 3 грама сок од ѓумбир во кој сте измешале една лажица мед.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот